Хасан Ал-Тавади: Нема повеќе од 500 загинати мигранти работници во Катар

Од:

Хасан Ал-Тавади, генералниот секретар на Врховниот комитет за организација на Светското првенство во Катар, тврди дека при изградбата на стадионите за Мундијалот починале помеѓу 400 и 500 мигранти работници.

Третманот на мигрантите во Катар беше една од главните забелешки во западна Европа за СП во Катар, покрај ЛГБТ-правата во оваа земја, а „Гардијан“ минатата година тврдеше дека 6.500 мигранти имаат загинато при изградбата на стадионите, додека повеќе организации бараат ФИФА од наградниот фонд да одвои сума за отштета на семејствата на работниците. Ал-Тавади во интервју со Пирс Морган вели дека бројките се драстично помали и дека има 37 починати мигранти надвор од работното место.

„Проценката, кога ќе се земат предвид градежните работи е околу 400. Помеѓу 400 и 500. Не ја знам точната бројка. Секако, и една смрт е премногу, тоа е јасно. Секоја година здравствените и безбедносните услови на градежните парцели се подобруваат и тоа го знаевме уште кога го добивме шампионатот“, вели Ал-Тавади.

Околу ЛГБТ-правата, Ал-Тавади инсистира дека сите луѓе се безбедни при посетата на Катар.

„Работите околу ФИФА и европските нации треба да ја решат меѓу себе. Нашата позиција е дека сите се добредојдени во Катар. Работевме за да создадеме атмосфера во која луѓето од сите делови на светот ќе се чувствуваат безбедни да дојдат во Катар и да се сретнат со луѓето од арапскиот свет кои обично не ги гледаат. Безбедно е секој да биде во Катар, било како турист, било како жител“, вели Ал-Тавади.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата