Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, беше двоен стрелец за Португалија во триумфот од 2:0 против Уругвај и ја одведе својата селекција во осминафиналето на Светското првенство. Првиот дел заврши без голови, но и без многу шанси, а потоа Португалците го скршија отпорот на противникот.
Во 54.минута, Бруно Фернандеш нафрли кон Кристијано Роналдо, но капитенот не ја зафати топката со глава, а таа отседна во мрежата на Уругвајците. Тие имаа можност да израмнат, но Максимилијано Лопез го погоди дирекот, а Луис Суарез беше за малку непрецизен.
Во завршницата, Бруно Фернандеш од пенал, кој беше досуден по реакција од ВАР-собата за игра со рака во шеснаесетникот, постигна и втор гол за триумф на Португалија.