Протест на приватните автопревозници, Скопје во сообраќаен хаос

Од:

Приватните превозници вклучени во скопскиот јавен превоз денеска го започнаа својот најавен протест со блокада на крстосницата кај „Мавровка“. Од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ велат дека не е утврдено времетраењето на протестот бидејќи се планира да трае до исполнување на барањата. Протестот е поради наводен долг од Град Скопје и ЈСП кој приватните автопревозници во износ над 400.000 евра.

Според најавите на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе со повеќе од 30 автобуси и со над 300 лица. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Поради затворената крстосница, од утринава на голем број улици и булевари „заглавени“ се низа автобуси на ЈСП и возила. Сообраќајот на некој крстосници е регулиран од полицијата, а граѓаните се жалат дека долго патуваат низ големата гужва, додека пак други преку социјалните мрежи тврдат дека им треба повеќе од 40 минути да стигнат до центарот на градот.

Приватниците најавуваат дека ако брзо не се решат нивните барања во наредните денови блокадата ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје.

– На средбата со УО на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата. Тие како такви точно знаат за тоа каква е вистинската состојба и документација во овој процес наспроти „Слобода превоз“ која нема никаква ниту улога во тој процес и нема никаков пристап до тие податоци. Јавноста не смее да биде дезинформирана особено за состојби за кои постојат записи, аргументи и факти – се вели во соопштението до медиумите од „Слобода превоз“.

Би можело да ве интересира

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски