Со натпреварите во групите Г и Х, денес ќе биде завршено второто коло на 22. Светско првенство во фудбал.
Денот, од 11 часот ќе го отворат Србија и Камерун. Овие две репрезентации беа поразени во првото коло од Бразил, односно Швајцарија.
Три часа подоцна ќе започне натпреварот во Х-групата, Јужна Кореја-Гана. Корејците освоија бод против Уругвај, додека Гана не заслужи, но сепак запиша пораз од Португалија.
Бразил, без Нејмар и Данило, од 17 часот ќе игра против Швајцарија. Победникот ќе си обезбеди место во осминафиналето.
Денот ќе го затворат Португалија и Уругвај од 20 часот. Ова ќе биде реприза на осминафиналето од претходниот Мундијал. Пред четири години во Русија победија Уругвајците.
Извор: Топспорт