Не знам зошто е организиран дочек, јас сум сепак воен злосторник.
Вака реагираше првиот претседател на Собранието на Република Српска и хашкиот затвореник, Момчило Крајишник по пристигнувањето вечерва во Пале од аеродромот во Бања Лука каде слета со владиниот авион на РС од Белград.
Тој на новинарите по излегувањето од авионот им кажа дека се чувствува како на сон.
– Вие не знаете каква е оваа држава. Чувајте ја, бранете ја. Нема поубава на светот, рече Крајишник.
Тој не одговори конкретно дали повторно ќе се занимава со политика и кажа дека само Господ ќе одлучи што понатаму.
Крајишник неше уапсен во 2000. година, а судот го ослободи со оглед дека одлежа две третини од 20-годишната казна во затвор во Англија.
ФОТО: Слободна Европа