Оливие Жиру открива дека Тјери Анри му испраќа порака по секој негеов постигнат гол, откако напаѓачот на Милан се израмни со легендарниот сонародник како најдобар стрелец за француската репрезентација.
36-годишниот Жиру го постигна својот 51. гол за Франција на отварањето на СП против Австралија, со што се израмни со Анри, и вели дека нема љубомора од легендата на Арсенал.
„Порак од Тјери Анри? Тој има навика да ми пушта убава порака со честитки по секој гол кој ќе го постигнам. Секогаш е задоволство да се добие порака од таква фудбалска легенда“, вели Жиру за „Телефут“.
Анри постига 51 гол во 123 меча за Франција и беше дел од шампионскиот тим од 1998 година, додека Жиру од дебито во ноември 2011 има исто толку голови и беше дел од шампионскиот тим од Русија во 2014 година, иако не постигна ниту еден гол на тој шампионат.