Секоја бремена жена дефинитивно би посакала да ја породи докторот Кери Д. Ендрју Џаја, кој работи во породувалиштето на болницата во американскиот град Питсбург.
Причина за тоа е што овој доктор на секое бебе које пристигнува на овој свет, му ја пее песната „Среќен роденден“.
До сега породил околу стотици бебиња, а понекогаш на новороденчињата им ја пее и песната од Луј Армстронг „Како е убав светот“.
– Кога им пејам на тие бебиња, пејам за иднината на важните лица. Тие се преубаво чудо на животот и треба да се слави тој момент, рече лекарот, кој оваа традиција на пеење ја презел уште кога бил млад доктор од неговиот ментор.
Неговото животно мото е: При секоја нова средба би требало да имате насмевка на лицето и песна во вашето срце.