Лионел Меси оцени дека Светското првенство само што почнува за Аргентина по нивната клучна 2:0 победа над Мексико во саботата, во меч во кој тој постигна прекрасен гол од далечина, пред да му асистира на Енцо Фернандез за осигурување на триумфот.
По шокантниот пораз од Саудиска Арабија, Аргентинците знаеја дека им е нужна победа над Мексико за да избегнат елиминација и фаворитите предводени од 35-годишниот Меси го направија потребното за да останат во игра за трофејот.
„Денеска, почнува Светското првенство за Аргентина. Ни беше тешко по поразот во првиот меч кој не го очекувавме. Деновите беа долги и сакавме да добиеме шанса да покажеме дека можеме повеќе. Знаевме дека се работи за клучен меч и за среќа имавме шанса да победиме и да го кренеме товарот. Ова е причина за радост и мир бидејќи сега работите повторно зависат само од нас. Им кажувам на сите постојано дека мора да продолжат да веруваат. Немаме друг избор“, вели Меси.
Аргентинците сега се втори во групата Ц, со 3 поени, еден зад Полска, со кои играат во последното коло и против кои реми нема да им биде доволно за пласман доколку Саудиска Арабија го победи Мексико. Сите четири репрезентации уште имаат шанси за пласман.