Најдобриот Белгиец, Кевин Де Брујне, смета дека неговата селекција нема шанси да го освои Светското првенство во Катар. На последното Светско првенство Белгија беше трета и според многумина ова е последната шанса оваа генерација да стигне до тронот.
Де Брујне не се согласува со константацијата дека Белгија може да ја освои титулата, смета дека тоа е практично невозможна мисија.
„Нема шанси да бидеме светски шампиони. Престари сме“, одговори Де Брујне на прашањето дали Белгија може да оди до крај.
Белгијците на стартот ја совладаа Канада со 1:0, но во текот на целиот меч беа инфериорен ривал и практично со еден вистински шут остварија победа.
Во следното коло Белгија игра против Мароко, а потоа во последното коло од групната фаза против Хрватска.