Изнудениот пенал на Роналдо, според ФИФА е „апсолутна генијалност“

Од:

Еден од најконтроверзните моменти во досегашниот тек од Мундијалот во Катар беше пеналот кој Кристијано Роналдо го изнуди, а потоа го реализираше на натпреварот против Гана. Португалија на крајот победи со 3:2, а Роналдо стана првиот фудбалер кој постигнал гол на пет светски првенства.

Со жестоки критики се соочи ФИФА, поради начинот на кој се дели правдата во Катар. ФИФА нема проблем со изнудување на такви пенали, објаснувањето е дека напаѓачите се „попаметни“, а потегот на Роналдо е наречен „апсолутно генијален“, пишува Би-би-си.

Така барем заклучил поранешниот нигериски репрезентативец Сандеј Олисех во Доха на состанокот на ТСГ, техничката група на ФИФА, која ја предводи Арсен Венгер.

На првите 20 натпревари на СП во Катар беа досудени девет пенали, што значи дека во сериозна опасност е рекордот од Русија од пред четири години, кога беа досудени 20 удари од белата точка на целото првенство. Полјакот Роберт Левандовски и Канаѓанецот Алфонсо Дејвис не успеаја да ги реализираат, останатите седуммина, меѓу кои и Роналдо беа сигурни изведувачи.

„Можеби напаѓачите стануваат попаметни. Луѓето можат да кажат што сакаат за пеналот на Роналдо, но тоа беше паметен потег, да се чека секунда, да се допре топката, а потоа да се изнуди контакт со противникот. Чист генијалец. Да ги пофалиме напаѓачите бидејќи стануваа се попаметни“, рекол Олисех.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата