Карим Бензема веројатно е најголемата ѕвезда која не игра на Светското првенство. Добитникот на Златната топка оваа сезона требаше да биде најсилниот адут на тимот на Дидие Дешам во Катар, но поради повреда на квадрицепсот го напушти таборот на репрезентацијата ден пред почетокот на Мундијалот.
Еден од највлијателните спортски медиуми во светот лакип, пишува дека атмосферата во францускиот табор е многу подобра по заминувањето на Бензема, што и не е толку големо изненадување.
Поради скандалот со соиграчот Метју Валбуена, Бензема речиси осум години не играше за репрезентацијата. Селекторот Дидие Дешам не го повика за Еп во 2016 и Сп во 2018 година, кога триколорите ја освоија титулата.
Отсуството на Бензема воопшто не се почувствува во првиот меч против Австралија.
Оливие Жиру, кој игра како централен напаѓач, постигна два гола за победа од 4:1 и со тоа се израмни на вечната листа со Тиери Анри.