Штета за Еквадор – доминираа против Холандија, но стигнаа само до реми, им се повреди единствениот стрелец

Од:

Еквадор може да жали што не стигна до втора победа на Светското првенство во Катар, откако иако примија бргу гол од Холандија, на крај доминираа против „оранје“ за да се задоволат со 1:1 реми, а во исто време да го загубат и својот најдобар стрелец, Енер Валенсија, кој се повреди во финишот на мечот. Овој резултат значи дека домаќинот Катар е првата репрезентација која е елиминирана од шампионатот, додека Холандија и Еквадор го чекаат последното коло.

Холандија имаше подобар старт на мечот и стигна до водство по само шест минути игра, кога новата ѕвезда на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо постигна прекрасен гол, негов втор на шампионатот за да си ја зголеми својата цена на фудбалскиот пазар.

Но, по ова, иницијативата постојано беше кај јужноамериканската репрезентација, која постигна и гол во финишот на полувремето преку Первис Еступињан, но тој беше контроверзно поништен. Само што почна второто полувреме, Енер Валенсија го постигна својот трет гол на Мундијалот за да израмни на 1:1. Еквадорците потоа влегоа во постојана офанзива и беа далеку подобри од разочарувачките Холанѓани. Единствена дамка беше повредата на коленото на Валенсија во финишот на мечот.

Сега, Холандија и Еквадор имаат по 4 поени на врвот на табелата, Сенегал имаат три, а Катар, кои се елиминирани се без поени. Во последното коло, Холанѓаните играат со Катар, а Еквадор го пречекува Сенегал во директен меч за нокаут фазата.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата