Напаѓачот на Интер и на аргентинската репрезентација, Лаутаро Мартинез признава дека мечот од второто коло од Мундијалот против Мексико ќе биде „како финале“ по шокантниот 2:1 пораз од Саудиска Арабија. Ако не успеат да ги победат „Ел три“, на Аргентинците им се заканува елиминација во групната фаза, бидејќи се на последното место во групата Ц пред утрешниот меч.
„Тоа може да ја одреди нашата верба на ова Светско првенство. Поразот од Саудиска Арабија беше тежок удар на нашиот морал, но ние сме силна група која е обединета во целта. Мораме да останеме смирени, да се вратиме во игра и да мислиме на иднината. Пред нас е Мексико и мораме да одиме на победа. Мислам дека загубивме поради мали детали. Добро го проучивме противникот и сметаме дека сме подготвени“, вели Лаутаро.
Аргентинскиот селектор, Лионел Скалони пак, ги отфрли шпекулациите дека Лионел Меси е неизвесен за настап поради повреда на скочниот зглоб и е сигурен дека ќе се вратат по шокантниот пораз.
„Кога си во нокдаун, стануваш и оди понатаму и моите фудблери се способно да го направат тоа. Нема да го менуваме начинот на кој играме поради поразот од Саудиска Арабија. Можеме да направиме некоја промена во изборот на играчи, но не и во системот, тоа не доаѓа во предвид“, објаснува Скалони.
Извор: Топспорт