Бидејќи ја нема Италија на Мундијалот, италијанскиот печат се „занимава“ со анализирање на најлошите играчи во Катар – „Ла газета дело спорт“ направи 11-тка на најголемите разочарувања во првото коло.
На голот меѓу најлошите 11 е Кејлор Навас, голманот на Пари Сен-Жермен и на Костарика, кој секако, прими 7 гола од Шпанија во катастрофалниот пораз. Во одбраната прв е Австралиецот Нејтан Еткинсон, фудбалерот на шкотскиот Хартс, кој направи грешка за голот на Адриен Рабио, а потоа беше поминат од Мбапе при 2:1 поразот од Франција, покрај него тука е Кристијан Ромеро, кој потфрли за Аргентина, како и Германецот Нико Шлотербек, кој беше виновен за голот на Јапонија.
Во најлошиот тим се уште двајца Аргентинци – неефикасниот Анхел ди Марија и Алехандро „Папу“ Гомес и уште двајца Германци, ветеранот Томас Милер и Леон Горецка, но и Роберт Левандовски (утна пенал против Мексико), Луис Суарез (без муниција за Уругвај), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (непрепознатлив против Бразил).
Извор: Топспорт