Петкова: Се обидоа да го прикријат насилството над десетмесечно бебе, Тренчовска и директорката да си поднесат оставки

Од:

Министерството за труд и социјална политика на Тренчовска и градинката во Гевгелија првин со молк и обид за прикривање брутално насилство врз десетмесечно бебе, а сега со наводни комисии го релативизираат случајот и купуваат на време. Се со цел да нема политичка одговорност рече на прес конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петкова.

.

– По неколку дена криење институциите признаа дека се случил инцидентот и го признаа бруталното насилство. Проблемот е затоа што и министерството за труд и социјална политика и од градинката се обидоа да го сокријат настанот Десетмесечното бебе со тешки телесни повреди и хематом на главата, поради повреда завршило во болница, а од градинката во Гевгелија наместо оставки имаме соопштенија потценувачки за јавноста со релативизирање дека се работело за детска игра.

Петков вели дека случајот е јасен и побара одговорните за инцидентот да бидат суспендирани од работа, директорката Елизабета Стоименова да се разреши, да се поднесат соодветни пријави против вработените; оставка од министерката Тренчовска и одговорност за криењето на настанот.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина