Си Џинпинг ги повика лидерите на Г20 да се спротивстават на инструментализацијата на храната и енергијата

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ги повика лидерите на Групата 20 индустриски развиени и земји во развој (Г20) „цврсто да се спротивстават на инструментализацијата“ на храната и енергијата.

„Мораме цврсто да се спротивставиме на секаква политизација и инструментализација на прашањата за храна и енергија и употребата на тие прашања како оружје“, рече Си на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали.

Кинескиот претседател повика и на укинување на санкциите, какви што беа воведени кон Русија.

Си побара од богатите земји да се фокусираат на намалување на влијанието на зголемувањето на каматните стапки поради зголемувањето на цените.

„Развиените економии треба да ги намалат негативните ефекти од прилагодувањето на нивните монетарни политики и да ги стабилизираат долговите на одржливо ниво“, рече Си, обраќајќи се на дводневниот самит на Г20, кој почна денеска во Индонезија.
Земјите од Г20 сочинуваат 85 отсто од светското економско производство и 75 отсто од светската трговија.

Во нив живеат две третини од светската популација.

Членки на Г20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави и претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија влезе во трите земји со најниско ниво на јавен долг по глава на жител

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина