Холандија е подготвена да и подари на Бугарија авиони Ф-16 доколку Софија се согласи да и ги отстапи своите МиГ-29 и СУ-25 на Украина, соопшти пратеникот Ивајло Мирчев од „Демократска Бугарија“ на својот Фејсбук профил.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Мирчев, останува само бугарската привремена влада да не губи време и веднаш да го започне овој процес, со што ќе покаже дека „навистина размислува за модернизација на својата армија, а не како да му служи на рускиот претседател Владимир Путин“.
Извор: МИА