Прифатено барањето на Шешељ за отстранување на судијата Фредерик Хархоф

Од:

Специјалниот судски совет на Хашкиот трибунал го прифати барањето на Воислав Шешељ од судската постапка против него да биде тргнат судијата Фредерик Хархоф, што би можело да доведе до повторување на целата постапка.

Специјалниот тричлен судски совет на Хашкиот трибунал вчера го прифати барањето на Воислав Шешељ за отстранување на данскиот судија Фредерик Хархоф од судскиот совет што ја води постпаката против него за извршени воени злосторства во Хрватска, Војводина и Босна и Херцеговина.

Шешељ отстранувањето на Хархоф го побара на почетокот на јули, откако во јавноста се појави доверливо писмо на данскиот судија, во кое тој изразува сомнеж дека претседателот на Хашкиот трибунал Теодор Мерон, под притисок на некои моќни држави, извршил притисок на негови колеги судии да донесат одредени ослободителни пресуди.

Според правилата, Шешељ барањето го упати до Теодор Мерон, но тој се исклучи од постапката, предавајќи го барањето на неговиот заменик Кармел Агиус, кој го формира специјалниот тричлен судски совет.

Доколку се земе предвид фактот дека во судската постапка против Шешељ нема „резервен“ судија, отстранувањето на Хархоф би можело да предизвика прекин на постапката против него.

Специјалната агенција „Сенс“, која го следи работењето на Хашкиот трибунал“, неодамна објави дека евентуалното прифаќање на барањето на Шешељ би можело да доведе до повторување на судењето.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска