Русковска за најавата за кривична од Рашковски: Од што да се плашам?

Од:

Вилма Русковска не се плаши од најавената кривична пријава која Драги Рашковски, ексгенерален секретар и обвинет во „Софтвери“ ја најави против неа. Русковска во изјава за „А1он“, а прашана дали стравува од овој кривичен прогон, вели: „Од што да се плашам?!“. Ги негира тврдењата на Рашковски дека бил местен процесот и истрагата која ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Не можам да местам нешто што не сум го работела. Колешката Ивана Трајчева ја водеше истрагата. Јас учествував само во предистрагата“, посочува Русковска за „А1он“.

Прашана за вчерашните избори, Русковска посочи и дека не очекувала поддршка само од 14 колеги.

„Искрени честитки за новиот шеф на ОЈО-ГОКК“, додава обвинителката за „А1он“.

Најавата за кривична пријава од Рашковски, доаѓа по само еден ден откако Русковска ги изгуби изборите за втор мандат да биде шеф во ОЈО-ГОКК. Таа во дебатата на „А1он“ кажа дека нема намера да се врати во скопското обвинителство, што би значело дека ја завршува и нејзината обвинителска кариера. Рашковски бараше од Кривичниот суд, со Русковска да се соочи во суд.

„Со нејзиното сведочење апсолутно, од самиот почеток до самиот крај, додека беше обвинител, до вчера, ќе докажеме како судскиот процес и целовкупната постапка, односно внатре во обвинителството, е местена истрагата, поднесувањето на обвинителниот акт. Мислам дека е крајно коректно, дека ако некој застанал позади некој обвинителен акт и тврди дека е така, да се соочи со главниот обвинет – во сличајов јас. Да ги соочиме аргументите, а воедно, да и биде предочено на сите инкриминирачки дејствија, кои според нас таа ги има направено додека ја вршела истрагата“, рече Рашковски.

Прашан дали барањето за сведочење и желбата да се докаже дека ја местела истрагата може да се протолкува и како кривична пријава која ќе ја поднесе против Русковска, обвинетиот Рашковски кажа: „Апсолутно“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

A1on

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“