Османи дознал кој го финансира клубот во Благоевград, но не кажа кој ги финансира клубовите во Битола и Охрид

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи дознал кој стои зад отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, но не откри кој стои зад отворањето на бугарските клубови во Битола и Охрид, иако институциите ги имале информациите за тоа.

Зад клубот во Благоевград кој ќе се отвори в недела, стои фондација од Канада.

– Кога дознав кој го финансира клубот, ми беше јасно за сите аспекти. Тоа е една фондација од Канада која има и своја веб-страна. Доколку ги гледате позициите на фондацијата кон геограстратешките интереси ќе видите дека не е во стратешките интереси на државата. Не зборувам дека немаат право, туку не ми се допаѓа тенденцијата да се злоупотребат заедниците овде и таму за политички агенди – рече Османи.

За разлика од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев кои ќе одат на отворањето на клубот в недела, министерот Османи нема да присуствува.

– Нема да одам поради истите причини за кои што не отидов на отворањето на клубовите во Битола и во Охрид. Затоа што сметам дека никој од овие клубови не прават добро на бугарската заедница тука, односно македонската таму. Мислам дека отворањето на клубот во Благоевград, односно фондацијата која стои зад отворањето на „Никола Бапцаров“, не може да биде во функција на промовирањето на македонската заедница во Бугарија и во функција на меѓудржавните односи. Мислам дека тој цел процес треба да се врати во нормален колосек во духот на пријателството и соработката – истакна Османи.

Министерот додаде дека утрешниот настан на кој премиерите на Македонија и на Бугарија кои свечено ќе го отворат железничкиот коридор Скопје – Софија е поважен настан од овој натпревар на клубови.

Би можело да ве интересира

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

Муцунски: Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство и тоа не му пречеше

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

А1он