Претставник на ЕУ: Србија во Прага треба да објасни зошто не воведува санкции против Русија

Од:

Се очекува Србија на првиот состанок на европската политичка заедница во Прага да им објасни на лидерите на Европска Унија и на другите земји зошто не воведува санкции за Русија иако преговара за членство во ЕУ, изјави неименуван висок претставник на Европска комисија, јави Бета.

Тој истакна дека не е планирана посебна дискусија за ставовите на Србија за воведување на санкциите против Русија, но потенцира оти некои земји-членки на ЕУ му придаваат значење, „иако Белград нема да биде ставен на обвинителна клупа на состанокот“.

Изворот од Брисел повтори дека ставот на Унијата е дека Европската политичка заедница нема и не може да биде замена за процесот на проширување на ЕУ, бидејќи тоа е сосема поинаква процедура.

Според неговото објаснување, практично сите земји од ЕУ воведоа санкции кон Русија, но има земји што тоа не го направија со целост. Поголемиот број земји-членки бараат сите членки на ЕУ да воведат санкции кон Русија, вклучително и земјите кои преговараат членство во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада