Осум од девет лица кои беа згрижени на Воено-медицинската академија во Белград (ВМА) поради труење од печурки купени на пазарот во Шабац во Србија се во тешка состојба, соопшти воената болница за Танјуг.
Од ВМА велат дека во меѓувреме еден пациент од Белград е пуштен дома, пишува Телеграф. ВМА вчера изјави дека пациентите од Шабац купувале печурки од неовластен продавач и ги консумирале.
Полицијата во Шабац вчера уапсила 72-годишна жена поради сомнение дека изминативе неколку дена продавала печурки, од кои кај неколку лица се појавиле симптоми на труење, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.