Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во куќа во Романија

Од:

Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во нивната куќа во селото Деса во Романија, а првите резултати од истрагата покажуваат дека децата починале како последица од труење со јаглерод моноксид.

Безживотните тела биле пронајдени утрово во куќата, а бабата била пронајдена во несвест, во тешка состојба и е пренесена во болница.

Според романските медиуми, момчињата живееле со баба им бидејќи татко им работи во странство. Момчињата биле напуштени од нивната мајка кога имале само една година.

Засега не е познато како дошло до труењето.

Би можело да ве интересира

Во луксузен хотел во Бангког шест странски државјани починале од труење со цијанид

Четири малолетни лица пренесени на Токсикологија во тешка состојба, конзумирале алкохол и психотропни супстанци

Мајка од Србија ја труела својата ќерка со седативи, здравјето на девојчето е тешко нарушено

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Фабриката „Магна“ во Алексинац која затру 162 работници нема да работи до понеделник

А1он

Ново труење во фабриката „Магна“ во Алексинац: Уште 57 работници барале лекарска помош

А1он