Најголемиот дијамант во светот, познат и како „Кулинан I“ или Големата ѕвезда на Африка, е дел од жезолот на покојната кралица Елизабета Втора. а со тоа и кралската колекција на скапоцени камења. Повеќе од шест илјади луѓе потпишаа петиција за враќање на дијамантот во Јужноафриканската Република каде што беше пронајден.
Дијамантот на жезолот е дел од поголем дијамант кој му бил подарен на кралското семејство откако бил пронајден во 1905 година во рудникот Премиер Пајн во Кулинан, Јужна Африка. Многу жители на оваа земја веруваат дека дијамантот треба да биде во музеј за да може сите да го видат.
Во времето кога беше пронајден дијамантот, земјата беше под британска власт, а со заминувањето на кралицата Елизабета, луѓето се прашуваат дали е фер дијамантот да остане во сопственост на кралското семејство.
Некои истакнати политичари веруваат дека богатството кое потекнува од нивната земја им користи на другите земји на сметка на Јужноафриканците. Еден од нив е Вујовелт Зунгула, кој за Тајмс изјави дека неговата земја „останува во голема, срамна сиромаштија, со зголемена невработеност и зголемени стапки на криминал поради угнетувањето и уништувањето предизвикано од кралицата и нејзините предци“.
Иницијативата се вкорени на социјалните мрежи, а барањата за враќање на најголемиот дијамант во светот се се погласни.