Вирално стана видеото од војник кој паѓа покрај ковчегот на кралицата додека чувал стража. Војникот се онесвестил од исцрпеност вчера во раните утрински часови, а откако шокантниот инцидент бил пренесуван во живо, откриен е ригорозниот распоред до кој мора да се придржуваат чуварите, кој вклучува стоење во место со часови, пренесува LadBible.
Војникот силно удрил во подот, а полицајците веднаш притрчале на помош. Но, другите војници стоеја мирно, целосно посветени на нивната должност да го чуваат ковчегот на кралицата Елизабета Втора. Засега не е познато дали војникот бил повреден при падот.
A royal guard at the Queen’s coffin has collapsed. pic.twitter.com/7ROevcLEQ8
— Bad Automatons (@badautomatons) September 15, 2022
Падот на војникот е снимен на почетокот на стражарската смена, еден од најважните делови од постапката за да се осигура дека ковчегот постојано се чува. Стражарите мора да бидат присутни во секое време, 24 часа на ден.
Откако видеото стана вирално на социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат колку точно часови стражарите морале да стојат тивко до ковчегот и дали воопшто имале пауза.
Ригорозен распоред
Војниците мора да ги чуваат сите четири агли на ковчегот, а ригорозниот распоред вклучува вкупно шест часа стоење покрај ковчегот, а стражарите се вртат околу ковчегот на секои 20 минути. Има огромен притисок врз нив, особено поради големиот број луѓе кои сакаат да и оддадат почит на кралицата, а некои се подготвени да чекаат во ред со часови за да се простат од неа.