На 9.9.2022 во 19 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул.„Васил Главинов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(42) од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола.
Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.