Малолетник со мотор прегазил 81-годишен пешак во Битола

Од:

Малолетник кој управувал мотор без дозвола удрил во 81 годишен пешак во Битола.

„ На 10.6.2024 во 9.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола.“ велат од МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3

Возило удри во пешак, возачот е во бегство

Автомобил тешко повреди пешак во Скопје

Пешак е тешко повреден во сообраќајка на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље

Повреден е пешак, возачот избегал од местото на настанот

На паркинг во Скопје тешко повреден пешак