Академија Пандев го промовираше Александар Васоски во нов тренер. Васоски доаѓа на местото на Ѓорге Стојчев, кој доби отказ по поразот од Струга ТЛ (0-3).
Васоски, денеска го започна вториот мандат на клупата на тимот од Струмица. Во првиот мандат ја предводеше Академија Пандев во периодот декември 2020 – јануари 2022 година.
Академија Пандев, во првите шест кола во домашното првенство освои седум бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата.