Академија Пандев ги продаде ТВ-правата на регионалниот канал „Спорт клуб“

Од:

Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев, ги продаде телевизиските права за своите натпревари од домашното првенство на регионалниот спортски канал „Спорт клуб“.

Академија Пандев е првиот македонски фудбалски клуб, кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа.

– Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона, соопшти струмичкиот прволигаш

По шест одиграни кола во македонското фудбалско првенство, Академија Пандев води на табелата со 13 бодови и ефект од четири победи, едно реми и еден пораз.

Би можело да ве интересира

Академија Пандев доведе засилување од Аргентина

Горан Наумовски

Васоски се врати во Академија Пандев

Има ли сили Академија Пандев за сензација против Лехија Гдањск?

ПМФЛ: Силекс ја совлада Академија Пандев во увертира на 29. коло

Силекс и Академија Пандев ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Жарко Настоски

Академија Пандев прв финалист во Купот на Македонија

Жарко Настоски