СДСМ: Ништо не го пере Мицкоски за тоа што ја покачил струјата 100 отсто

Од:

Христијан Мицкоски останува најнеуспешниот директор на АД ЕСМ и советник за енергетика на Груевски.Учинокот од неговите 12 години на раководни функции во енергетиката се покачување на струјата за 100 проценти, набавка на електрична енергија по три пати пивсока цена од пазарната, нула инвестиции во електроенергетскиот сектор. Што и да зборуваат од Белата палата, ништо не го пере Мицкоски за тоа што ја покачил струјата 100 проценти и тоа во време кога немаше ни економска, ни енергетска криза, се вели во партиската реакција на СДСМ, насочена кон денешната прес конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажно обвинуваат дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач. Освен шпекулации и невистини ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат ништо друго, немаат идеја, немаат реални предлози за граѓаните.

За разлика од нив Владата предводена од СДСМ веќе година дена презема мерки за ублажување на ударот на кризата и растечките цени на електричната енергија.
Се субвенционира и до 80% цената на струјата за граѓаните. Домашното производство на електрична енергија е зголемено, а тука е и мерката за намалувањето на ДДВ-то за струја од 18 на 5 проценти.

Така, цената на електричната на енергија на регулираниот пазар кај нас е 5 пати пониска во однос на пазарната цена на струјата – поради поддршката која државата ја дава за домаќинствата и дел од компаниите кои се мали потрошувачи“ нагласуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Катерина Ѓуровски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи