Ескобар: Вучиќ е целосно посветен на регионалната стабилност и треба да се искористи таа добра волја

Од:

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави за „Еуроњуз Србија“ дека, по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е убеден дека тој е целосно посветен на регионалната стабилност и треба да се искористи таа добра волја, но и онаа што постои на приштинската страна.

На маргините на Стратешкиот форум во Блед, Ескобар изрази надеж дека нема да има потреба да се зборува за поделби на Западен Балкан, што укажува дека многу луѓе во регионот се загрижени за ориентацијата на Србија, но дека верува дека членството во ЕУ е стремежот на Белград.

„Навистина верувам и се надевам дека аспирацијата на Србија е да биде полноправна членка на ЕУ и дека нема да мора да зборуваме за поделби на Западен Балкан. По разговорот со Вучиќ, можам да кажам дека тој е целосно посветен на регионалната стабилност и дека не сака насилство“, рече Ескобар.

„Треба да ја искористиме таа добра волја и добрата волја на Косово, и се надевам дека лидерите во регионот ќе слушнат што рече (претседателката на Европската комисија) Урсула фон дер Лејен, дека Западен Балкан навистина сака да биде дел од Европската унија и дека тоа го сакаат граѓаните од оваа област. Гледаме оптимизам на сите страни“, изјави Ескобар.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, во саботата објави дека Белград и Приштина постигнале договор за документите.

– Постигнавме договор. Како дел од дијалогот под покровителство на ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез за имателите на косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за имателите на српски лични карти – објави Борел на Твитер.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он