Илон Маск: Правете повеќе бебиња за да ја одржиме цивилизацијата

Од:

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, татко на десет деца, им порачува на луѓето да “прават повеќе бебиња”.

„Верувајте ми – кризата со бебиња е голема работа“, рекол 51-годишниот бизнисмен пред новинарите во Ставангер, на југозападот на Норвешка, каде би требало да присуствува на енергетска конференција.

Запрашан за најголемите предизвици со кои светот се соочува, основачот на “Tesla” секако го навел преминувањето на обновливи извори на енергија, но веднаш продолжил со наталитетот.

Како што навел, наталитетот е “една од неговите главни грижи, можеби помалку познати”.

„Важно е луѓето да имаат доволно бебиња за да ја одржиме цивилизацијата“, смета Илон Маск.

Откако пристигнал во Ставангер со приватен авион, Илон Маск исто така рекол дека на Земјата и натаму и се потребни извори на фосилни горива.

„Мислам дека реално мораме краткорочно да користиме нафта и гас, бидејќи во спротивно цивилизацијата би пропаднала – посебно овие денови со санкциите кон Русија“, додал Маск.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Маск ја прошири тужбата против OpenAI, сега го тужи и Мајкрософт

ВИДЕО: Илон Маск доби функција од Трамп, водител од Фокс ќе биде министер за одбрана

Катерина Ѓуровски

Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ