ВИДЕО: Илон Маск доби функција од Трамп, водител од Фокс ќе биде министер за одбрана

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами заедно да го водат новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, давајќи уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот. За секретар за одбрана го избра Пит Хегсет, коментатор и ветеран на Фокс њуз.

Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами заеднички ќе го водат новосоздадениот Оддел за ефикасност на владата. „Тој ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да го намали расипничкото трошење и да ги преструктуира федералните агенции“, рече Трамп.

Трамп рече дека новиот оддел ќе ги исполни долгогодишните републикански соништа и ќе „обезбеди совети и насоки надвор од владата“, сигнализирајќи дека улогите на Маск и Рамасвами ќе бидат неформални, без да се бара одобрување од Сенатот, што ќе му овозможи на Маск да остане на чело на компанијата за електрични автомобили Тесла, платформата X и компанија SpaceX.

Новиот оддел ќе работи со Белата куќа и Канцеларијата за менаџмент и буџет за да „иницира големи структурни реформи и да создаде претприемачки пристап“ кон владата каков што досега не бил виден, рече Трамп.

Маск, рангиран од Форбс како најбогат човек на светот, веќе има корист од победата на Трамп, а од милијардерот претприемач се очекуваше да има извонредно влијание за да им помогне на своите компании и да обезбеди поволен владин третман.

Акронимот на новиот оддел – DOGE – се однесува и на името на криптовалутата dogecoin што Маск ја промовира. Во август, беше отфрлена федералната тужба против Маск и Тесла за измама на инвеститори преку рекламирање догекоин и инсајдерско тргување, предизвикувајќи загуби од милијарди долари.

Рамасвами е основач на фармацевтска компанија кој се кандидираше за републиканската претседателска номинација против Трамп, а потоа го поддржа поранешниот претседател откако тој се откажа.

Трамп, исто така, објави дека го избрал Пит Хегсет, коментатор и ветеран на Фокс њуз за секретар за одбрана. Доколку биде потврден од американскиот Сенат, Хегсет би можел да ги исполни предизборните ветувања на Трамп дека ќе ја ослободи американската војска од генералите што тој ги обвинува дека спроведуваат прогресивна политика на различност.

Во објавувањето на својата одлука, Трамп го пофали 44-годишниот НАТО скептик Хегсет, кој е ветеран на Националната гарда. „Со Пит на чело, непријателите на Америка се на готовс – нашата војска повторно ќе биде одлична и Америка никогаш нема да отстапи“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Трамп го назначи Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

ВИДЕО: Биткоинот првпат во историјата ја надмина границата од 100 000 долари

Мајка на единствената Британка која ја држи Хамас: Трамп ми дава надеж

Трамп се заканува со „големи неволји“ доколку израелските заложници не бидат ослободени од Газа

Горан Наумовски

Трамп денеска навести масовно помилување на обвинетите во врска со немирите во Капитол

Горан Наумовски

Човекот на Трамп драматично ќе го промени американскиот пристап кон војната во Украина