Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Од:

Цените на гасот во Европа го достигнаа своето највисоко ниво оваа година поради зголемената загриженост за снабдувањето, со дополнителни геополитички ризици. Зголемувањето на цената дојде и покрај тоа што складиштата на гас во ЕУ се речиси полни.

Цената на TTF (Title Transfer Facility), европскиот референтен индикатор, порасна во петокот за 1,9 отсто на 42,98 евра за мегават-час, што е највисока цена од почетокот на декември минатата година, пишува Фајненшл тајмс.

Аналитичарите велат дека непланираните прекини на протокот на гас од Норвешка, која е најголемиот снабдувач на природен гас за Европа, како и геополитичките ризици, вклучително и конфликтот на Блискиот Исток, се главните фактори кои влијаат на поскапувањето на гасот.

Заклучно со 18 октомври, залихите на природен гас се зголемија за 2,3 отсто на годишно ниво и 4,6 отсто над петгодишниот сезонски просек, што укажува на обилни резерви на природен гас. Во Европа, капацитетите за складирање гас беа полни 95 отсто до 22 октомври, над петгодишниот сезонски просек од 92 отсто за овој период од годината.

Снабдувањето со руски гас во Азија продолжува да расте и се очекува дополнително да се зголемува бидејќи Европа го диверзифицира снабдувањето со енергија и ја намалува зависноста од рускиот гас преку гасовод, покажаа податоците од S&P Global Commodity Insights.

Би можело да ве интересира

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст