Шефот на полициското одделение на Паг, Жељко Бљајиќ, даде изјава за новинарите во врска со пукањето утринава на плажата во Хрватска, во кое беше убиен маж од Црна Гора, а осомничениот е државјанин на Србија.
„Утрово полицијата добила дојава дека од огнено оружје е рането машко лице. Осомничениот е уапсен, а ранетиот починал на пат кон болница. „Не можам да коментирам дали се работи за нарачано убиство, но и за оружјето што е употребено“, рече тој.
Како што истакна Бљајиќ, хрватската полиција во моментов е во контакт со колегите од Србија и Црна Гора и заедно работат на расветлување на ова кривично дело, пренесува Задарски.хр.
Да потсетиме, пукањето се случило пред ноќен клуб, а очевидци велат дека виделе како Србин пука во глава на црногорски државјанин.
Како што неофицијално пренесуваат хрватските медиуми, полицијата ја истражува и можноста дека се работи за конфликт од мафијашки кругови и за нарачано убиство.
По пукањето, осомничениот српски државјанин ги фрлил сите свои работи и побегнал, но полицијата за десет минути го уапсила.