Хрватските медиуми пишуваат за капетанот Владимир Шепаровиќ кој со својот екипаж спасил момче од морето во близина на брегот на Тунис. Момчето поминало два дена на отворено море во мал гумен чамец.
Откако било спасено, момчето прво се јавило на мајка си и ја известило дека е жив, пренесуваат медиумите.
Поморското училиште Задар на Фејсбук го истакна успехот на еден од своите поранешни ученици. Како што соопштија, момчето било изгубено два дена, а по него се водела опсежна потрага. Хрватскиот тим го забележал момчето на околу 60 наутички милји од најблискиот брег, што е повеќе од 110 километри.
Во текот на двата дена што ги поминал на море, момчето наводно било заобиколено од многу бродови, а нивните екипажи не му дошле на помош.