Скринигот ќе заврши за најмногу 16 месеци, период во кој ЕУ очекува да го смениме Уставот

Од:

Ниту Владата не знае која ќе биде динамиката за промена на Уставот и внесување на Бугарите и другите заедници. Скринингот ќе трае 16 месеци, а Европската Унија очекува во овој период да се случи процесот на уставни промени. Прво пратениците ќе одат на летен одмор, па потоа, ќе се отвори дијалог за овие прашања. За вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, смета дека е најважно процесот на промена на Уставот да има позитивен исход.

„Немаме утврдено календар и динамика за уставните измени. Треба тоа да го завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Треба да видиме како би го отвориле дијалогот. Уставните измени треба да завршат успешно, а не неуспешно. Кога ќе тргне дијалогот во Собранието, ќе го утврдиме ова прашање. Тоа ќе биде по летниот одмор на Собранието, тогаш ќе имаме точен календар. Најважно е тој процес да има позитивен исход“, кажа Маричиќ.

Прашан колку ќе трае скринингот, тој рече: „За Србија и Црна Гора траеше 24 месеци, за нас пократко, бидејќи година и половина поминаа. Би очекувал дека за не повеќе од 16 месеци ќе го завршиме скринингот“.

За уставните измени, власта очекува сериозна расправа и бара да има позитивна атмосфера. Ова е спротивно на ставот на опозицијата која најави дека нема теоретски шанси да се случи промената на Уставот, а дека доказ за тоа се нивните пратеници.

„Најважно е да има позитивна атмосфера, а не онаа слика од минатата недела, кога немаше услови за дијалог и нормална расправа. Сакаме сериозна и јавна расправа. Сметам дека во содржинска смисла, овие уставни измени, би биле најлесни од сите до сега. Велам во содржинска смисла, имаме седум заедници во Уставот и треба да додадеме најмалку три. И не гледам зошто некој би имал нешто против тоа“, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска