Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

Од:

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата во преговорите со Бугарија е политичка манипулација и извртување на самиот поим „национално единство“. Преговори со Бугарија не се исто што и преговори со Европската Унија, а самото прифаќање на билатерални преговори со Софија веќе претставува политички став, а не некаква неутрална и стандардна процедура, соопштија попладнево од Левица.

Од партијата велат „Национално единство не се гради со делење места во преговарачки тимови, туку со усогласување на заеднички државни позиции за тоа што, со кого и под кои услови се преговара. Сосема легитимна е позицијата да се поддржува членството на Македонија во ЕУ, но истовремено да се отфрлаат билатералните преговори со Бугарија како услов за евроинтеграција, притоа инсистирајќи преговорите да се водат исклучиво на инстанци на Унијата, односно, во рамки на официјалните институции и преку механизми на Унија“.

„И конечно, преговорите со ЕУ треба да бидат суштински преговори, водени во рамките на националните интереси на Македонија, а не процес во кој од државата постојано се бара да ги жртвува сопствените интереси заради безусловно исполнување на барањата од Брисел. Токму тоа е и принципиелната позиција на Левица: не сме против преговори со ЕУ, туку против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција. Инсистираме на директни и суштински преговори со институциите на ЕУ, во кои Македонија ќе настапува како рамноправен субјект со сопствени позиции и државни интереси“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ по желба олигарсите – на работникот му го одзедоа и достоинството, сега му ја меркаат и неделата

Левица: Студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

А1он

(ВИДЕО) Левица: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?

(ВИДЕО) Мојсоска: ДПМНЕ три месеци го држи предлог-законот за семејно насилство во фиока

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата