За да го олесни животот за време на летните горештини и да спречи љубимците да добијат топлотен удар, јапонската компанија „МRT Corp.“ создаде куќичка за кучиња со клима уред.
Оваа куќичка во себе има систем за ладење кој ги користи Пелтиеровите елементи за ладење и греење чии принципи на работа се базирани на споевите на два проводници од различни метали кои формираат затворен јазол. Кога ќе се пропушти струја низ овој систем еден спој се лади, додека друг се грее.
На подот на оваа куќичка се наоѓа алуминиумска плоча со висока термална спроводливост која е поврзана со други елементи потребни за создавање на Пелтиеровиот ефект.
Зависно од насоката на движење на струјата, температурата на подот ќе биде десет до 15 степени повисока, односно пониска од температурата на просторијата.
Куќичката за кучиња чини 507 американски долари.