Лавров: Русија подготвена на преговори со Киев и Анкара по однос украинското жито

Од:

Русија е подготвена за преговори со Украина и Турција во врска со украинското жито, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред медиумите по министерската средба на земјите од Г20 што се одржува во индонезиското летувалиште Бали.

„Ние сме подготвени за преговори со нашите украински и турски колеги“, рече тој без притоа да појасни каде би се одржале преговорите.

Рускиот МНР потенцираше додаде дека воената морнарица има клучна улога во преговарачкиот процес по прашањето за транспорт на жито преку пристаништата на Црното Море.

Лавров уште додаде дека западните земји продолжуваат со обидите да ги блокираат испораките руско жито на земјите со кои веќе е договорен извоз.

„Статистиката многу јасно покажува дека житото блокирано во украинските пристаништа е помалку од еден процент од вкупното светско производство. Оттаму тоа навистина нема никакво влијание врз обезбедувањето храна. Потребно е само Западот да престане вештачки да го блокира спроведувањето на нашите испораки до земјите што имаат потпишано договор за нашето жито“, додаде шефот на руската дипломатија.

Лавров уште истакна дека доколку Западот не сака преговори туку победа на Украина на бојното поле, тогаш веројатно Русија нема за што да разговара.

„Со таков пристап не и се дозволува на Украина да тргне во мировен процес“, рече Лавров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина