Протести во Тунис поради новиот устав

Од:

Полицијата на Тунис вчера ги спречи демонстрантите да протестираат поред канцеларијата на Изборната комисија, кои се против референдумот за новиот устав, со кој би се прошириле ингеренциите на шефот на државата.

Демонстрантите, предводени од лидерот на Слободната уставна партија, Абир Муси, се обидоа да ги пробијат бариерите пред Канцеларија на Изборната комисија, што доведе до помали судири со полицијата.

Претседателот на Тунис, Каис Сајед во јуни предложи нов устав, со кој се ограничува улогата на Парламентот и ќе го зајакне неговото владеење. Референдумот за новиот устав на Тунис е закажан на 25 јули, но голем број политички партии се изјаснија против новиот устав.

Сајед од минатото лето владее со декрет, кога го распушти Парламентот и го укина Уставот од 2014 година. Критичарите на Сајед тоа го оценија како државен удар.

Според анкетите Слободна уставна партија на Муси ќе победи на парламентарните избори со голема разлика пред нејзините ривали. Муси е поддржувач на Зин Ел Абдин Бен Али, кој беше соборен во револуцијата во 2011 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен