На Миконос позитивни 64 отсто од тестираните

Од:

Стапката на позитивност, односно процентот на позитивни резултати од направените тестови и оваа седмица е висока на голем дел од грчките острови, над 40 отсто на Миконос, Парос, Санторини и Милос, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за стапката на позитивност во периодот од 27 јуни до 3 јули 2022 година, на Миконос позитивни се 64,21 отсто од тестираните, на Милос 47,47 проценти, на Парос 46,44 отсто, на Санторини 41,39 отсто и 37,54 проценти во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Меѓу 20 и 30 отсто позитивни од направените тестови за Ковид-19 има на островите Родос, Лимнос, Наксос, Хиос, Карпатос, Крф, Закинтос и Кос, во градовите Ханиа, Ретимнос и Ираклио на Крит, во центарот на Атина и во источниот дел на областа Атика.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 14,6 проценти, од вкупно 852.361 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 12,07 отсто пред една седмица.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 19.303 нови случаи на Ковид-19 и 4.061 веројатни реинфекции, починаа 20 лица, а 96 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.774.377 случаи на Ковид-19, се проценува дека има 191.263 реинфекции што е 4.8 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а почина вкупно 30.371 лице.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопштија дека од петок статистиката поврзана со Ковид-19 ќе се објавува еднаш седмично, а не секој ден како што беше пракса досега.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната