Во експлозија на бомба во бахреин се ранети најмалку петмина полицајци, соопштија властите, цитирани од американските медиуми.
Министерството за внатрешни работи на кралството од Заливот соопшти дека рачно изработена бомба вчера вечер експлодирала во регионот Ал Диар, на островот Мухарак, североисточно од престолнината Манама.
Властите нападот го оценија како терористичен акт и соопштија дека двајца од ранетите полицајци се со тешки повреди, но нивната состојба е стабилна.
Нападите врз силите за безбедност и владините институции во Бахреин се засилија во последните недели, забележуваат американските медиуми.