Атмосферата пред Владата се загрева уште на половина час пред официјалниот почеток на протестот против францускиот предлог.
Македонски знамиња, реквизити за исвиркување на Владата и пароли „не за бугаризација“ има веќе пред Владата.
Присутните бараат отфрлање на францускиот предлог, а министрите ги поздравуваат со “У-а”.
Протестот беше најавен од ВМРО-ДПМНЕ, а повикани беа сите без разлика на партиска определба, етничка определба или било каква разлика.