Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

Од:

За бугарските историчари од мешовитата историска комисија прашањето со Македонија е многу важно, но тие не гледаат подготвеност за промена кај македонската страна.

Ова го изјави професорот Ангел Димитров, водич на бугарскиот дел од мешовитата комисија за БНТ.

– Во средината на минатата недела, телевизиите главно се занимаваа со предлогот, попрво барањето на ДПМНЕ за распишување референдум, на кој, според нив, целосно ќе се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија. Оваа атмосфера беше позадината на која се одвиваа нашите разговори. Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите, бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција, нагласи Димитров.

Бугарските историчари сметаат дека луѓето во Македонија немаат сознанија што се случувало во првата половина на минатиот век кога населението било прогласено за српско и имало големо насилство.

– Тоа изгледа воопшто не ги интересира, ги знаат само пропагандите и манипулациите по 1944 година, за жал оваа пропаганда е антибугарска. Гоце Делчев е постојано во нашата програма веќе трета година и не стигнуваме до него, всушност не се разговара за тоа, рече Димитров.

Бугарското министерство за образование ги прифатило белешките од историската комисија, но Димитров смета дека нема реципроцитет во Македонија.

– Она што е одлучено и најавено е дека треба да се пристапи кон промена на нивните учебници. Зборуваме за учебникот надвор од нашата заедничка историја. Она што треба да го направат се сериозни измени во нивните учебници. Ова треба да се направи веднаш. Тие учебници може да се дополнат и без да се печатат нови – коментира Димитров.

Би можело да ве интересира

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ