Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските што Северна Македонија ги презела на патот кон членство во Европската Унија. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешните пратенички прашања во бугарското Народно собрание.
Одговарајќи на прашања за билатералните односи и европската интеграција на Македонија, Петрова истакна дека ставот на Софија останува непроменет. Според неа, спроведувањето на договореното во 2022 година е единствениот пат за напредок на земјава кон членство во ЕУ.
Таа нагласи дека Бугарија не поставува нови барања надвор од утврдената европска рамка, туку инсистира на доследно исполнување на досегашните договори и заштита на правата на Бугарите во Македонија.
Петрова оцени дека трајни добрососедски односи и доверба можат да се изградат само преку конкретни постапки и исполнување на преземените обврски од страна на Скопје.
Петрова вчера во софија се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, но од средбата не произлезе конкретен напредод во врска со спортните билатерални прашања.
