Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Од:

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат в четврток во Софија.

Од бугарското МНР за БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на меѓународна министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.

– Форумот – на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски – ќе овозможи одржување билатерална средба како дел од тековниот дијалог меѓу двете земји, велат од МНР на Бугарија.

Иницијативата за средба на министрите за надворешни работи на двете земи произлезе за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. По нејзин совет, премиерот Христијан Мицкоски го замоли Муцунски да побара средба со Петрова, во обид за се поттикне процесот за решавање на проблемот околу бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија.

Од македонското МНР претходно пoтврдија дека е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, којашто би се одржала неделава на маргините на министерскиот состанок во Софија посветен на Коридорот 8.

Би можело да ве интересира

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Муцунски за „Ива Михајлова“: Непристојно е земја членка на ЕУ да станува прибежиште за осудени лица

Бланар: Словачка е против какви било двојни стандарди во пристапувањето кон Европската Унија

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ