Стоилковски: СДСМ и ДУИ трошат пет милиони евра за службени автомобили

Од:

Македонија тоне во катастрофа, инфлацијата го јаде лебот на народот, а СДСМ и ДУИ наместо реални антикризни мерки троши 5 милиони евра за службени автомобили. Неодговорноста и криминогеноста на власта ја потврдува и девастирачкиот факт дека во време на најголема смртност заради ненавремено обезбедување на вакцини за корона, скок на сметките на струја заради домашната енергетска катастрофа, во време егзодус од 215.000 работоспособни лица од Македонија, и во време на најголемата економска катастрофа, двоцифрена инфлација, функционерите на СДСМ и ДУИ делат 5 милиони евра од буџетот за луксузи за службени возила рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Столковски.

– 5 милиони евра во катастрофа, за Оливер Спасовски се вози во луксуз додека се печатат пасоши на мафијаши. 5 милиони евра за возило и луксуз за Ариф Асани, заменикот на БЈБ, што го извади пукачот од Чаир. 5 милиони евра за луксуз наместо за вакцини за корона. 5 милиони евра за службени коли наместо одржување на РЕК Битола. 5 милиони евра при катастрофа за сите во Македонија, освен за функционерите од СДСМ и ДУИ. Почитувани, СДСМ и ДУИ со закани и притисоци задушуваат протести на воспитачи во градинка, учители и наставници во основно образование. Ги излажаа синдикатите дека ќе ги зголемат платите. Сега одбиваат антикризни мерки за намалат акцизи и ДДВ за горивата и за храната, народот тоне во сиромаштија, ама СДСМ и ДУИ троши милиони евра за сопствен луксуз, за службени луксузни возила вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

(ВИДЕО) Филипче: Ние ги спремивме новите бомби 2.0 најавувам дека утре следува нова

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он