Столтенберг: НАТО ги поздравува напорите во координација со ОН за извоз на жито од Украина по морски пат

Од:

НАТО ги поздравува сите напори во координација со ОН за извоз на жито од Украина по морски пат, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Најлесен начин да се добие повеќе жито и да се намали притисокот врз цените на храната е претседателот Путин да стави крај на војната, рече тој.

Шефот на НАТО не сакаше да коментира дали во Алијансата се разговара за поморска придружба со цел извозот на блокирани житни култури во Украина да помине низ руската блокада на украинскиот брег, но рече дека ги поздравува напорите за изнаоѓање решенија.

– Ги поздравувам напорите на различни земји, вклучително и сојузниците во НАТО, исто така во тесна соработка со ОН, да бараат начини за извлекување повеќе житарки, рече тој.

Русија, Турција, Украина и ОН подготвија Мапа на пат што ќе обезбеди функционирање на безбеден коридор за извоз на земјоделски производи од украинските пристаништа, јави претходно агенцијата Анадолија, повикувајќи се на дипломатски извори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина