Руска црква: Го поздравуваме помирувањето меѓу македонската и српската црква

Од:

Светиот синод на Руската православна црква (РПЦ) го поздрави враќањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во единство со Српската православна црква.

Решивме да му благодариме на Бога што ја прекина долгогодишната разделба и ја врати Македонската православна црква – Охридска архиепископија во евхаристиско и канонско општење со Српската православна црква“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Московската патријаршија по седницата на Синодот.

На почетокот на седницата на Светиот синод, патријархот Московски и на цела Русија Кирил го поздрави повторното обединување на МПЦ-ОА со СПЦ, оценувајќи го како „важен историски настан“.

„Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија“, рече патријархот Кирил.

Патријархот спомна дека се работи за долга поделба, која „конечно оздравела“.

Српскиот патријарх Порфириј во вторникот на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје по повод празникот Свети Кирил и Методиј соопшти дека Светата Тајна на СПЦ одлучила да ја одобри, благослови и признае автокефалноста на МПЦ-ОА.

Тој додаде дека ќе бидат информирани и повикани сите помесни цркви да го прифатат статусот на автокефалност на МПЦ-ОА.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите